Заев се сретна со претставници на Светска банка

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, денеска се сретна со Еугене Гуренко, претставник на Светска банка, придружуван од Маријана Лемиќ-Сарамандиќ и Надица Јовановска Бошковска, претставници на проектот Европа Ре, финансиран од Светска банка, за заштита од катастрофални ризици.

На средбата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за достапната помош од Светска банка на државата и на општините во услови на природни непогоди со несакани последици.

- Неподготвеноста на државните институции да се справат со ризиците и последиците од поплавите со катастрофални последици во Скопје како и земјотресите што го погодија скопскиот регион е алармантна потврда дека на Македонија и е потребен далеку посериозен пристап во справувањето со несаканите последици од можните природни непогоди, истакнал Заев.

Претседателот на СДСМ го поддржал проектот на Светска банка за заштита од природни непогоди и ризици, посочувајќи дека државата во иднина мора сериозно да се отвори кон ваков вид проекти што се од посебен интерес за граѓаните. 

 
 
20.09.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега