Од денеска поевтинува парното - прочитајте за колку ќе ви се намалат сметките

 

Домаќинствата кои се приклучени на скопскиот снабдувач со топлинска енергија “Балкан енерџи груп” – БЕГ, од денеска ќе плаќаат за 2,82% помали сметки. Корисниците, пак, на Скопје-Север ќе плаќаат за 2,12% помалку.

Регулаторната комисија за енергетика ги потврди пресметките за процентот за намалување на цената на топлинската енергија за за „Балкан енерџи груп“ и Скопје-Север, кои беа утврдени на подготвителната седница. За енергетската компанија „Елем Енергетика“, Регулаторната комисија го спушти првично предложеното намалување од 0,71% на 0,54%.

РКЕ ја зголеми цената на ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место за една година, од 893 на 1.037 денари за киловат. Тоа значи дека дд денеска, исклучените корисници ќе плаќаат повисок фиксен надоместок. И за исклучените од Скопје-Север ќе има повисок надоместок. Тие од денеска ќе плаќаат 1.055 денари за киловат ангажирана моќност. На цената кај “ЕЛЕМ Енергетика” нема промени.

најчитано сега