СКАНДАЛ: СДСМ почна во пракса да ја применува двојазичноста најавена од Заев

 


Социјалдемократите почнаа да ја применуваат двојазичноста која ја најави нивниот лидер Зоран Заев.

Клик за поголема верзија
Вчера, медиумите кои известуваат на албански јазик добиле e-mail од партиската адреса напишан на албански јазик. Покрај електронската пошта, СДСМ и целото соопштение го напиша на албански јазик.

Интересно е што меѓу адресите може да се забележат и адреси на новинари и медиуми од Косово, па логично, се поставува прашањето, зошто СДСМ за своите партиски активности известува во соседна земја.

Клик за поголема верзија
Зоран Заев уште минатата недела во интервју за еден од порталите кои се уредуваат на Бихаќка, најави дека доколку СДСМ дојде на власт, Македонија ќе стане двојазична земја, односно, ќе инсталирал албански јазик и во средини каде што воопшто не живеат припадници на албанското малцинство. Тој најави и дека децата уште од градинка ќе го учат албанскиот јазик.

Следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ, комплетната македонска дијаспора но и речи си сите помали политички партии. Заев поддршка доби само од албанските политички партии, од кои дел, уште претходно признаа дека со лидерот на СДСМ разговарале за редефинирање на Македонија.

Реагираа и граѓанските здруженија. Од ГДОМ излегоа со став дека изборите на 11 декември се вистински референдум потсетувајќи ги Македонците дека секој глас даден за СДСМ и Зоран Заев е глас за федерализација на Македонија

 
 
20.09.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега