Дечињата биле заробени во синџирите на рингишпилот кој се сруши во Србија

Српската полиција го уапси 55-годишниот Мирослав Н. кој го поставил рингишпилот кој се сруши при што десетина дечиња беа повредени, пренесе Ало.рс. 

- Додека гледавме натпревар во еден момент слушнавје јак удар. Потоа слушнавме детски плач. Сите притрчавме да помогнеме и видовме срушен рингишпил. Родителите започнаа да ги одмотуваат синџирите за да ги спасат своите дечиња. Навистина беше страшно, сите бевме исплашени и шокирани. Брзата помош веднаш беше повикана. Среќа е што столбот се срушил кога рингишпилот не работел со најголема брзина, бидејќи ако тоа се случело децата којзнае каде би одлетале, вели очевидец кој се нашол на местото на несреќата за Ало.рс.

Инаку, повредените дечиња биле веднаш однесени во болница, а потоа и пуштени на домашно лекување.

ФОТО: Факултети.мк

 

 

 

најчитано сега