Извештајот на СЈО во понеделник пред пратениците

 

Извештајот на Специјалното јавно обвинителство Собранието на Република Македонија ќе го разгледува на 120-та седница што претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа за в понеделник, на 26 септември.

Катица Јанева, специјалната обвинителка, Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (од 15.09.2015 до 15.03.2016 г.) до Собранието го достави во законскиот рок кој истече минатата недела.

Во рамките на 120-та седница на Собранието пратениците ќе го разгледуваат и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Претходно двата извештаи на СЈО и на Јавното обвинителство на РМ ќе ги разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. 

 
 
19.09.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега