Извештајот на СЈО стигна во Собранието и Советот на јавни обвинители

 

Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка  најави дека во периодот од 19 до 30 септември е подготвена да го презентира извештајот пред пратениците и пред Советот на јавни обвинители, за работата на СЈО. Извештајот веќе се наоѓа пред пратениците, но не е ставен сеуште на дневен ред.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Аневски, потврди дека извештајот на СЈО е пристигнат и во Советот. Тој вели дека по консултација со членовите, извештајот ќе биде ставен на дневен ред на седница, а на неа ќе биде поканета и специјалната јавна обвинителка Јанева, пренесе Академик.

Инаку, Катица најави дека од 19 до 30 септември е подготвена да го презентира извештајот. Извештајот е објавен по точно една година откако Собранието едногласно го усвои Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

 

 
 
19.09.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега