Ефтов за „Телеграф“: Албанците нема масовно да гласаат за СДСМ, срамота е овој пат да нема избори

 

Срамота би било и овој пат да нема избори. Секоја политичка криза може да се реши на два начина, преку улица и вториот е на избори. Секоја нормална држава ги решава своите конфликти и проблеми на избори, вели новинарот Васко Ефтов.

Тој во интервју за Телеграф.мк објаснува дека расположението кај граѓаните денес се гледа на социјалните мрежи и низ улиците и дека тоа се рефлектира и на изборите.

Според Ефтов, СДСМ сега се фокусира на албанските гласови и нивната стратегија е тоа да биде партија за која најмногу ќе гласаат Албанците, но тоа засега е невозможно бидејќи во Македонија сѐ уште се гласа етнички.

Длабоки се поделбите во Македонија, не во оној мејнстрим, не во оној интелектуален дел, таму дури и ќе се најдат некои точки што ги допираат Албанците и Македонците, туку во она население кое со своите цивилизациски, културолошки и политички размислувања, па дури и економски, е драматично поделено. Како вода и масло, тоа не се меша, тоа може да пробате да го измешате, но тешко се меша. Не очекувам дека Албанците масовно ќе гласаат за СДСМ – вели Ефтов во интервјуто.

Новинарот уште додава дека е потешко да ги договори домашните политичари да седнат спроти него, отколку сите оние сомнителни ликови однадвор.

– Овие сомнителни типови сакаат да зборуваат. Тоа е како оној синдром кај жените кога им велиш сега ќе те снимам, а таа вика не, но веќе си ја мести фризурата. Така е и со овие сомнителни типови – вели Ефтов.

Целото интервју со Ефтов погледнете го на Телеграф.мк.

 
 
19.09.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега