Миновски: Моделот на СДСМ за приватизацијата е промашен

Моделот на приватизација што СДСМ го спроведе за време на транзицијата е целосно промашен, оцени министерот за финансии Кирил Миноски во дебатата на ТВ Нова на која гостуваа заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов.

- Моделот на приватизација што СДСМ го спроведе за време на транзицијата е целосно промашен и резултира со 200 илјади луѓе што останаа на улица. Во тој процес немаше никаква правичност, немаше демократија во процесот на приватизација. Имаше закани врз малцинските акционери, имаше бркања од работа, немаше економска ефикасност, голем број фирми пропаднаа, многукратно се зголеми бројот на невработени, имаше „шлепер економија“ во тој период. Тоа е суштинско прашање што се уште ја погод земјава, изјави Миновски.

Миновски и Наумов искажаа спротивни ставови за тоа како можела или требало да се изврши приватизацијата во тој период. Миноски е со став дека поради лошото менаџирање со приватизацијата и поради тоа што не се побарала надворешна помош, СДСМ оставила на улица толку многу луѓе, додека пак Наумов смета дека неговата партија морала да се однесува така како што се однесувала.

- Како СДСМ вие треба да ја кажете вистината, да се соочите со тоа црно петно во вашата историја, дека искреиравте огромна невработеност дека системот беше несоодветен, дека приватизацијата беше неадекватна, и дека не ги донесе оние економски параметри кои ги очекувавте. И до ден денеска ние се справуваме со последиците од тој лош процес. Ако вклучевте во тој процес странци кои знаеја како функционира пазарот, ќе беше сосема поинаку, ќе имавме компании кои денеска ќе беа многу поголеми од оние кои ги имаме. Можеше да се избере чешки или некој друг модел кој ќе доведеше до развој на пазарите на капитал, смета министерот Миноски.

Дополнителниот заменик министер, Наумов, пак вели дека тоа што се случило тогаш кога СДСМ била на власт и дека морала да се однесува така како што се однесувала, односно да премине од еден систем на друг во периодот на транзицијата, што значи и приватизација, нагласувајќи дека владејачката партија секогаш „се вади“ на приватизацијата. Наумов признава дека процесот на приватизација, можеби и бил погрешен и дека приватизацијата никогаш не може да биде правична.

- Од превработеност во време на социјализам, каде знаете како функционирала таа приказна, после растурањето на екс-ју пазарот, после плејада на превработени и можеби погрешна приватизација, после блокада околу СФРЈ и распаѓање на сето тоа, земјата не можела да продолжи превработеноста, кога грото од компаниите ги изгубиле пазарите, рече Наумов.

Според Миноски, економска ефикасност не може да донесе некој што работел во управен социјализам, може да донесе некој што знае што значи пазарна економија.

- Моделот на приватизација е промашен и тоа треба да се признае. И до ден денес ги имаме последиците, и затоа имаме лошо корпоративно управување во дел од компаниите. Дали мислите дека моделот беше правичен? Битна е оваа тема, бидејќи зборуваме за демократија. Дали имаше демократија во процесот на спроведување на приватизацијата. Дали имаше закани врз вработените кои беа малцински акционери, со бркање од работа. Дали донесе економска ефикасност? Колку фирми што беа приватизирани пропаднаа. Колку се зголеми бројот на невработени, дали имаше шлепер економија?, праша Миноски

 
 
17.09.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега