Велиновска: Со најавата за двојазичност Заев прави тактика за освојување до 50.000 гласачи Албанци

 

Оваа тактика која ја прави амбасадата кај Кале е пресметано Зоран Заев да може да земе од 38 до 50.000 гласачи Албанци. Ова е коментарот на новинарката Мирка Велиновска по најавите на Зоран Заев за двојазичност низ цела Македонија.

Според Велиновска, овде не е таргет да се наелектрезира македонското гласачко тело, овде е таргет и Албанците кои гласаат за етнички албански партии во Македонија на кои цели како гласачко тело и СДСМ, значи да се судрат на терен кај гласачките кутии.

– Американската идеја е друга. Тие сакаат да го маргинализираат реалниот човек, граѓанинот да одбива да гласа, изборите да станат фарса. Планот е до толку да го разочараш гласачкото тело, да не излага на избори, а да владеат широки коалиции кои ќе спроведуваат политики од надвор. За таа цел треба државата да стане нефункционална, вели таа за ТВ Нова.

Според неа, ако не им успее идејата да се формира широка изборна коалиција врз основа на фингирање на избори,  се додека народот е мотивиран масовно да излезе и знае за кого ќе гласа, тоа не му дава успех на сценариото што се игра на Балканот.

-Втората работа што ја спремаат е ако не успеат вака, преку провокации и ако не се случат немири, нешто да се направи да се проблематизира изборниот процес. Јас мислам дека на предизборниот  молк ќе излезе Заев со Ахмети под присила на странскиот ментор, ќе речат нема да бидеме на листи, нека не биде и Груевски.  Тогаш ќе сакаат да го елиминираат политичарот зад кој стојат убедливо најголем дел од гласачите, анализира Велиновска.

 
 
16.09.2016 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега