Зошто не сакате да го разберете Заев, смртници?

После неколку дена натегање со земјотресот кој попрв ќе попушти, дали тој со тресење или ние нервно, решив да не го третирам и конечно седнав да си ги фокусирам растресените мисли па да напишам пар редови во мојот виртуелен тефтер. Како секој културен домаќин дури и на земјотресниот гостин му дадов предност да си каже што има да каже јасно и гласно, дури има шанса - односно пред ние, хомосапиенсите на ова тло, да му го земеме приматот во тресењето. Но, доста му беше - сега редот ни е нам.

И ако пред месец и пол после поплавите многу од нас поитаа да им помогнат на оние погодени од поплавите во скопскиот регион, духот на хуманоста и солидарноста не ме напушти и во оваа прилика. Ме држеше и сега, па после земјотресите во Скопје, откако еднаш се утврди дека материјалната штета е симболична, а кога се луѓето во прашање фала Богу има само стотина полесно повредени, решив да им помогнам на оние меѓу нас кои сепак беа најпогодени од непријатното тресење на земјата. Да, да, полесно повредените се со гребаници, набиеници и други лесни повреди кои најчесто настануваат во паниката при бегањето од домовите. Меѓутоапри земјотресите има и сериозно повредени луѓе - при што предничат повреди од потресот во пределот на мозокот.

Па така, воден од желбата за помош почувствував дека треба да го гледам најновото интервју на опозицискиот фронтмен Зоран Заев на една интернет-телевизија. Дека инстинктите не ме лажеа, се уверив веќе во првите моменти од интервјуто, а чувството не ме напушти до крајот на овие 70-тина минути во кои шефот на опозицијата Заев имаше неколку брилијантни заклучоци и идеи, кои ете, денес не наидоа на огромно одобрување меѓу јавноста. Но, неправедно! Затоарешив да му помогнам на потресениот несфатен лидер и да објаснам дел од неговите поенти.

Прво, околу математиката на СДСМ и Заев која е неразбирлива за обичните смртници... Видете, Заев зборуваше со восхит дека една од независните институции кои сме ги изградиле последно време, ДИК, конечно го дотерала избирачкиот список и сега ќе може на избори да се оди со мирна глава. Што е супер.

Што беше тоа ДИК? Тоа е онаа иста Државна изборна комисија чиј независен експерт претседател пред недела дена беше фотографиран на кафе-муабет со раководството на СДСМ. Избирачкиот список? Тоа е оној ист список на кој СДСМ броеше половина милион фантоми на почетокот и падавичареше пред камери дека фантомите се „крунскиот доказ кој им ги потврди математиките од 27-ми април 2014-та“.

Е сега, добро, маааалку проблематично беше да објаснат како овие половина милион паднаа за 17 пати и завршија со 30.000 непријавени за гласање граѓани на Република Македонија кои живеат по туѓини и од кои добар дел ќе бидат избришани токму за потребите на алиби-математиките на СДСМ. Но, нема таков проблем кој не може да се објасни со уште повеќе математика. А таа математика е спектакуларна. Ама, за да ја сфатиме треба да ја фатиме од почеток.

Историјата на Заевата математика оди вака: Во 19:01 на 27 април 2014 година З.З. од говорница соопшти дека власта ги украла изборите. Се разбира - чим СДСМ изгубиле, изборите мора да се украдени. Како доказ кон овие тврдења, неговиот пулен и кандидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски го приложи своето сопствено убедување дека НАЈМАЛКУ 150.000 гласови биле украдени од контото на СДСМ и завршиле на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, кое пак победи со 200.000 гласови разлика. Ако не му верувате на Стево - кој ве е.., не знаете математика.

Според СДСМ тогаш, 150.000 гласови помалку за ВМРО-ДПМНЕ односно 150.000 повеќе за СДСМ ќе резултираа со 100.000 гласови победа за СДСМ. Ама тоа беше тогаш. Вчера на интервјуто според новите математики на Заев не биле 150.000 украдени гласови, туку „само“ 80.000. Си знае он од каде, не прашувајте многу многу како па сега тој го знае ова. Просто - си знае.

Вчера Заев за време на лекцијата по математика соопшти дека според анализите на набљудувачите од МОСТ, со само 16.000 „правилно распоредени гласови“, како што кажа, може да се освојат 6 мандати на избори односно „6 повеќе за СДСМ т.е. 6 помалку за ВМРО-ДПМНЕ“ - што се вкупно 12 мандати. „А да не зборуваме за 80.000 гласови, што е 5 пати поголемо од 16.000“, ќе рече Заев. Ама ајде, ајде да зборуваме.

Пет пати повеќе од 12 мандати се ни помалку, ни повеќе туку - 60 мандати. Значи СДСМ со чистиот список на наредните избори ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ со 60 мандати разлика. Тоа е планот. По истата математика, ако ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ не со 200 туку со 160 илјади гласови разлика - победата на ВМРО ќе е изразена со 120 мандати разлика во однос на СДСМ. Ако се повторат 200.000 разлика, ВМРО ќе има 150 пратеници повеќе од СДСМ. Чиста математика. Кој не разбира - негов проблем. А има и такви, не дека не. Веројатно истите луѓе кои не го разбираат ова не разбираат ни како 1.050.000 разговори кои Заев соопшти дека ги дал во СЈО, во СЈО ги преброија како 540.000 разговори. Или како од 500.000 фантоми доаѓаме на 30.000. Ни СЈО не знае математика, ни ДИК не знае математика, а бога ми математиката им е слаба страна и на оние кои читаат анкети во кои СДСМ е во константна пропорција позади ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ води според анкетите“, вели Заев. Се разбира, велам јас. Зошто не би му верувал на човекот?

Е така. Сега, еднаш откако се расчисти ситуацијата околу математиката според Заев, ќе му помогнам да дообјасни уште само еден мал дел од вчерашното плодно интервју - делот за двојазичноста во Македонија. Хеј, кој ќе му помогне ако не некој хуман човекољубец како мене кому му пречи кога луѓето потресени од земјотресите ќе кажат работи кои злите меидуми ќе ги извадат од контекст?

Што кажа Заев за двојазичноста? Дека е време да се договориме во каква земја сакаме да живееме и дека албанскиот јазик треба да им е достапен на Албанците ширум Македонија.

„Јас зборував за употребата на албанскиот јазик бе, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 отсто Македонци. Значи, една работа да се знае, прагмата во Македонија мора да биде следена, не губам јас ништо како Македонец, ни пак граѓанинот на Штип, на Скопје, кој што е од македонскиот етнички корпус“, рече Заев додавајќи дека не значи дека Македонците нешто ќе загубат, ако Албанците нешто ќе добијат, признавајќи дека ризикува многу со неговиот став - но това е това.

Според Заев, „некое детенце кое не знае македонски јазик, а е талентиран музичар, треба да може да учи музичко школо на албански јазик“ за да не му било пречка непознавањето на официјалниот јазик во Република Македонија кон неговата реализација на музички план.

„Не губиме ние ништо од тоа или детенце затоа што учи музичко во Куманово, тоа е е иницијатива која што е поддржана од нас за да може да дојде до средно образование музичко, мора да помине во основно музичко и да научи теорија и солфеж на албански јазик оти он не знае македонски. Ако има талент значи дека не треба да биде музичар тоа дете“, ќе рече Заев.

Оваа негова изјава злите медиуми кои не сакаат да го разберат човекот З.З. ја протолкуваа како најава дека Заев во походот по албанските гласови (самиот вели дека СДСМ рачуна на повеќе гласови од Албанци него било која албанска партија во Македонија) ќе ја понуди двојазичноста на цела територија на Македонија. Бидејќи зошто некој државјанин на Македонија кој не знае македонски, а сака да промени гума во Берово, да не може да ја промени гумата? Само затоа што не знае македонски ли да патува без една гума, веројатно би логицирал Заев по истиот начин. Или зошто државјанин на Македонија кој не го знае официјалниот јазик на Македонија, туку само албанскиот, да не може да си купи вода и сендвич во Кратово? Зарем ќе дозволиме да умре од жед и глад само затоа што не го знае јазикот? Нели? Нели? Заев е бе супер-цар и мега-хуманист.

Но, како и сите визионери и он не најде заеднички јазик со поголемиот дел од луѓето чиј премиер сака да биде. Па откако медиумите го нападнаа, стигна демант дури и од Бихачко поле во кој самата партија на Заев, СДСМ, го демантираше Заев. Според СДСМ не е точно дека Заев понудил двојазичност на цела територија на Македонија. Тоа стоеше во демантот. До збор. И тогаш... тогаш се случи најдоброто нешто денес. Настанот за историја. За политички читанки. За анали и одводни канали.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го демантираше СДСМ. Да, се е во ред со вашиот вид. Добро прочитавте. Во живо, на терен - во Прилеп, пред прилепчани Заев уште еднаш го повтори истиот став за двојазичноста, повторувајќи го примерот со детето талентиран музичар кое не знае македонски јазик, притоа објаснувајќи им на прилепчани и на неговиот СДСМ дека малиот мора бре да научи да свири и да пее на јазик кој го разбира, односно дека јазикот за македонскиот државјанин кој не знаел македонски не смее да е пречка да се едуцира дури и во Прилеп на албански јазик. Иако во Прилеп живеат 7 Албанци.

Но, јас го сфатив, за разлика од вас, злобници. Значи вака: Заев не сака двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа е бре лага, тука ќе се сложам со СДСМ. Тој само сака тоа детето мало кое е талентирано за музика (мора да го запознаам малово), но не е талентирано за учење на македонскиот јазик - да научи да свири. Е сега, ако па за тоа баш баш мора да се воведе можност за двојазичност во цела Македонија, тоа не е вина на Заев! И доста го кудите и во уста му ставате зборови кои тој навистина ги кажал, но можеби баш и не ги разбрал.

Ако Заев е експерт за математика, љубител на музика и голем хуманист, не значи дека мора баш добро да го владее и македонскиот јазик. И Мартин Лутер Кинг не знаел македонски - па видете до каде дотурка

 

Богдан Илиевски (Бетмен Велит) за Телеграф

 
 
15.09.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега