Бејли: За непогодите треба да бидеме подготвени

Амбасадата на САД во Скопје денеска го одбележa Националниот ден на служба и сеќавање преку крводарителска акција и собирање храна, која беше организирана во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија. Целта на доброотворната акција е да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнале во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 годинa.

Денес мотивираме на ширење на солидарност, подавање на рака без разлика на верската, етничката и половата припадност.

Со овој хуман гест на дарување на крв можат да се спасат стотици животи на млади луѓе кои што понатаму ќе го уживаат овој живот.

Оваа акција која се организира по осми пат, од година во година брои се поголем број на крводарители. Од почетните 68, сегашната бројка на лица кои што дарувале крв изнесува над 300.

 
 
14.09.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега