Аеродром со најмалку потрошени средства има најголем број на реализирани проекти

Општина Аеродром со најмалку потрошени средства реализирала најголем број на проекти, покажува базата за податоци на јавни набавки на општините. Иако многу опозициски медиуми ја нарекуваат Аеродром најбогата општина, сепак податоците покажуваат нешто сосема друго. Струмица раководена од Зоран Заев поторшила речиси двојно повеќе од Аеродром.

Според податоците за јавни набавки на општините во 2015-та година, Општина Аеродром не е ниту меѓу првите 10 општини кои потрошиле најмногу пари. Имено, Општина Аеродром минатата година потрошила 157.665.523 денари, односно 2,52 милиони евра. Од друга страна Аеродром може да се пофали со најголем број реализирани проекти, односно најголем број капитални инвестиции.

Во листата на десет општини кои потрошиле најмногу пари за јавни набавки по Струмица (4,6 милиони евра) се наоѓаат Битола ( 4 милиони евра), Гостивар (3,9 милиони евра), Гази Баба (3,7 милиони евра), Велес (3,3 милиони евра), Карпош (3,1 милион евра), Илинден (3,1 милион евра), Тетово (2,9 милиони евра), Кисела Вода (2,8 милиони евра) и Куманово (2,7 милиони евра).

strumica

Ваквите податоци јасно покажуваат дека дел од опозициските медиуми неоправдано ја нарекуваат Аеродром најбогата општина, бидејќи токму општина Струмица раководена од опозицискиот лидер Зоран Заев, во 2015-та година потрошила речиси двојно повеќе од Општина Аеродром, односно 4,6 милиони евра за јавни набавки.

kumanovo

Исто така, пред Аеродром на листата е и втората голема општина кад локалната власт е во рацете на опозицијата, односно општина Куманово раководена од Зоран Дамјановски- Циц, која во 2015-та година потрошила 2,7 милиони евра за јавни набавки.

 

 

 
 
14.09.2016 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега