Охрид на нозе: Две момчиња од Скопје исчезнаа во водите на езерото

 

Повеќе од два часа полицијата трага по две момчиња од Скопје кои исчезнале во водите на Охридското Езеро, јави Република. Според информациите за кои се уште не можеме да обезбедиме официјална потврда, момчињата се бараат со два патролни чамци на македонската и на албанската страна на езерото. Како што јави Република, тие со гумен чамец со весла влегле во водите на езерото кај авто кампот Елешец и од тогаш им се губи секоја трага.

Ова е втор пат туристи да се загубат во вдите на езерото. Претходно, полицијата и спасувачките екипи цел ден бараа тројца Унгарци кои со кајаци уживале во водите на езерото. За среќа, потрагата по нив заврши успешно

најчитано сега