Бебе од првата секунда од животот ја почувствува драмата на модерното човештво - еве што се случило

Во првите минути од неговиот живот ова новороденче веднаш доживеа драма на отворено море кое мигрантите секојдневно ја преживуваат.

Детето се роди во чамец на „Лекари без граници“, откако неговата мајка ненадејно почнала да добива контракции.

Мајката ја напуштила Либија и била премногу преплашена знаејќи дека може да се породи и во чамецот, што на крајот и се случило.

-Тоа е сосема нормално породување во навистина ненормални услови, рече акушерката која на свет го донесе момченцето.

Драматичното излегување на свет на ова бебе се случи откако 2.300 мигранти беа спасени во морската мисија во неделата, од страна на италијанската крајбрежна стража.

Операцијата за спасување беше координирана од крајбрежната стража од Рим, а чамците за спасување припаѓаа на ирската морнарица и Лекари без граници.

 
 
14.09.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега