Ќерките на Обама тагуваат - каде после Белата куќа?

Првата дама на САД, Мишел Обама се појави во улога на помошник водител на телевизиското шоу на Елен де Џенерис. Таму таа говореше за тоа колку тешко ќе им биде на нејзините две ќерки да ја напуштат на Белата куќа, каде што практично израснале.

- Девојчињата велат дека се подготовени да се збогуваат со Белата куќа, но реално, тешко е да го напуштиш местото на кое си израснал, изјави Мишел Обама. 

Првата дама рече и дека на нејзиното семејство ќе му недостига целиот тамошен персонал, кој помогнал за израснувањето на 18-годишната Малија и 15-годишната Саша. Таа додаде и дека заедно со Барак ги насочувале своите деца да ги запомнат моментите во коишто уживале и тие и целото семејство.  

 
 
14.09.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега