Реконструирана фасадата на ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Општина Јегуновце денеска ќе го одбележат завршувањето на новата фасада во основното училиште „Александар Здравковски“ во село Јегуновце, Општина Јегуновце.

Реконструкцијата, финансирана од Владата на САД преку Европската команда на САД, се реализира во рамки на проектот на УСАИД во кој учествува училиштето.

Пред присутните ќе се обратат потполковникот Џенифер Форд, аташе за воздухопловство во Амбасадата на САД, градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцески и директорот на „Александар Здравковски“ Ангелина Костовска. 

 
 
14.09.2016 - 08:23
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега