Тешка сообраќајка се случила кај Блаце - две лица повредени

Сообраќајна несреќа се случи вчера во 15.30 часот на магистралниот пар Скопје - Блаце. Како што информираат од полицијата, во несреќата учествувале два автомобила со косовски регистерски табличи, едното возило со марка Опел Астра управувано од Г:У каде сопатници биле  Р.У. , Г.У. и  Б.У., а другото „Фолксваген Голф“  управувано од М.Д., каде сопатник бил Р.Д., сите од Косово. 

 По незгодата на Р.У. и  М.Д.  им била укажана медицинска помош и истите биле задржани во Клиничка болница „Систина“, каде и им биле констатирани тешки телесни повреди и истите биле во животна опасност. Останатите лица, кои биле во возилата (по укажаната медицинска помош во УЦ „Мајка Тереза“) , биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

 
 
13.09.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега