Временска прогноза за цела недела: Какво време не очекува?

Времето  во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната до 28 степени.

И во среда ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Стабилно и потопло ќе биде во четврток и петок, а од сабота попладне ќе има услови за локален дожд.

Ова е временската за цела недела:

 

 
 
13.09.2016 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега