По земјотресите состојбата со јавните објекти во Ѓорче Петров е под контрола

Состојбата со објектите на деветолетките и градинките во Општина Ѓорче Петров е под контрола по земјотресите кои го зафатија скопското подрачје. Ова денеска било заклучено на состанокот што го свикал градоначалникот на општината Сокол Митровски со директорите на училиштата.
 
Директорите известиле дека превземале соодветни мерки предвидени за вонредни ситуации но истите се надополнети со дополнителнително поставување знаци за движење при евакуација на децата и персоналот. Одржани биле две показни вежби на кои учество зеле сите ученици и наставници од училиштата.
 
Од општината информираат дека освен во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ каде што има одредени оштетувања на вториот кат од училиштето изградени во 50-тите години од миниот век и каде наскоро ќе се преземат мерки за санирање на штетите, во другите училишта нема никакви оштетувања кои можат да го загрозат непреченото одржување на редовната настава.
 
Според комисијата на ИЗИИС која ги посетила и дала свое мислење за сигурноста на јавните објекти во општината Ѓорче Петров, при изградбата на училиштата запазени се сите мерки за сигурна градба која грантира издржливост на објектите и при посилни земјотреси.
 
 
13.09.2016 - 10:46
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега