Гаревски: Ова се последователни мали земјотреси, јас вечерва мирно ќе спијам во мојот дом

Нема простор за паника, ова не се силни земјотреси и се работи за последователни помали земјотреси. Јас вечерва мирно ќе спијам во мојот дом во Скопје, ја пренесува МКД.мк изјавата на Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дел од скопјани и вечерва се на улиците исплашени по последното тресење на тлото во 19,53 часот.

Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје информираат дека денешните потреси се дел од очекуваните т.н. афтершокови по вчерашниот најсилен земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Вакви потреси ќе има и натаму во скопското епицентрално подрачје како дел од нормалната сеизмичка активност во ова подрачје. Вечерва во 19,53 часот скопјани почувстсвуваа уште еден земјотрес, овојпат со јачина од 4 степени.

 
 
12.09.2016 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега