Два земјотреси едноподруго го потресоа Скопје во 19:53 часот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 12.09.2016 год., регистрира два земјотреса од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овие земјотреси се случија едноподруго во 19 часот и 53 минути, со Рихтерова локална магнитуда на првиот земјотрес 2.4 и на вториот 4.0. Истите се почувствувани во Скопје и околината со интензитет на првиот III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала

 
 
12.09.2016 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега