Средба на Груевски со шефот на Делегација на ЕУ Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.

Европските интеграции на државата, чекорите и мерките кои се преземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата се темите на кои разговарале Груевски и Жбогар, соопшти ВМРО - ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја афирмирал стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми.

Тој посочил дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за  наметната политичка криза. Груевски истакнал дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор.

На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски му посакал успех во исполнување на новата должност на шефот на Делегацијата Жбогар, изразувајќи надеж дека неговиот личен успех во исполнувањето на новите обврски ќе значи и преставува заеднички успех за Република Македонија на планот на интеграциските процеси.

- Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог  во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ, стои во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

 
 
12.09.2016 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега