Редовно се врши контрола- водата безбедна за пиење, струјата без прекини

Редовно се врши контрола на исправностаа на водата во центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод.

Иако на социјалните мрежи се појавија и видео снимки од црвена и заматена вода по вчерашниот земјотрес, сепак, од центарот велат дека водата контролирана од утринава е безбедна за пиење.

Директорката Катерина Димовска вели дека ова не е невообичаена појава по земјотрес и може да се должи на заматувањето на изворите или од градските чешми да се должи на корозијата од самата цевка, пренесува ТВ Нова.

Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден за време и по земјотресот беа на терен и вршеше санирање на штетите, менување на склопките со цел да обезбедат непрекинато снабдување на електрична енергија во градот Скопје. Од ЕВН велат дека во населеното место Стајковци паднал бетонски столб на ЕВН а исто така имало проблеми во неколку скопски населби за што се интервенирало на време.

По вчерашниот земјотрес кој изнесуваше 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска во Градот Скопје ситуацијата е под контрола од страна на институциите за нормализирање на секојдневието.

 
 
12.09.2016 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега