Пензионер доживеа хорор сред бел ден

 

Две непознати лица на 10-ти овој месец измамиле 70-годишен делчевец одземајќи му 1.000 евра.

Како што информира МВР, случајот го пријавил Б.Н. (70) на 10 септември 2016 година во 13.20 часот во Полициската станица - Делчево, а се случил утрото околу 9 часот на ул. „М.М.Брицо“.

Двете непознати лица, како што се наведува во соопштнието, го прашале каде има продавница за авто делови бидејќи имале сообраќајна незгода и едното лице требало да му исплати 100 евра отштета на другото лице. Како сведок го повикале  Б.Н.  и пред него извршиле примопредавање на 100 евра. Откако едното лице ги зело парите го прашал Б.Н. дали тој има евра. Бидејќи не ги познавал парите сакал да ги види пред да му продаде часовник на другото лице за сума од 3.500 евра, а откако ќе ги земе парите за часовникот ќе му ги врати неговите пари, а за услугата ќе му подари два мобилни телефона. Пријавителот отишол од банка извадил 1.000 евра и му ги дал на лицето. Откако му ги дал еврата, „купувачот“ рекол дека неговата сопруга е во банка за да извади пари за часовникот и заминал. Додека, пак, „продавачот“ како гаранција му го дал часовникот на Б.Н. по што му рекол дека ќе оди да ги земе мобилните телефони од колата. Истиот заминал и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
12.09.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега