ФОТО: Пожар во кула во Карпош 4

Некаде околу 17.45 часот пожар изби во кулата на ул. Разловечко востание во скопската населба Карпош 4, пренесе Сител.

Станарите брзо го забележале пожарот и чадот што се ширел од подрумските постории на висококатницата и веднаш ја алармирале противпожарната служба. 

Неколку противпожарни служби и пожарникари веднаш пристигнале на местото и започнале со гаснење на пожарот, кој предизвика вознемиреност меѓу станарите во кулата кои излегоа надвор.

Неофицијално пожарот избил поради неисправна инсталација во подрумските простории, но брзо е локализиран.

Штетата допрва ќе се утврдува како и причините за пожарот.

 
 
08.09.2016 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега