Пешак прегазен во Скопје

Image result for полиција

Осумдесет и три годишниот пешак З.Ј. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако вчера во 7:50 часот во него удрил автомобил опел астра со скопски регистарски таблички, управуван од  С.А.

З.Ј. е пренесен во Градската болница, каде му се констатирани фрактури на левиот колк и десниот скочен зглоб и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
08.09.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега