Поради дождовите заматена водата за пиење во Тиквешко - задолжително да се преврие пред употреба

Image result for unsafe drinking water

Поради дождовите дошло до заматување на водата за пиење во Тиквешко. Од Центарот за јавно здравје во Кавадарци препорачуваат задолжително превривање на водата пред употреба.

Доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител, појаснува дека како последица на врнежите од дожд, водата добила жолтеникава боја.

- Во моментов регионалниот водовод „Лукар” се снабдува со вода само од изворите, реката е исклучена. Затоа е и намалениот проток на вода. Дозирањето со хлор е покачено на максимум. Доколку нема дополнителни врнежи, очекуваме водата брзо да се избистри, информира денеска Ризов.

Тој нагласи дека задолжителното превривање на водата за пиење се однесува за жителите од општините Кавадарци, Неготино и Росоман, кои се снабдуваат со вода од регионалниот водовод.

 
 
08.09.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега