Снежана: По секс со многумина сфатив дека мразам што сум жена - еве зошто

Потресна исповед на Хрватката Снежана:

Здраво на сите. Имам 32 години и мразам што сум жена. Да не ме сфатите погрешно претходно немав такво чувство. Тоа едноставно само дојде. Одеднаш. Се разбудив и сфатив дека мразам да бидам во свето тело. Ми се гади. Не сум го зборувала ова со никого до сега бидејќи не знам како околината ќе реагира на тоа. Ништо не сум рекла ни на моите родители и пријатели. Го држам тоа за себе. Не знам дали  е паметно, но додека не ги истражам своите можности така ќе биде. Највеќе се грижам зошто ми се случува се ова. Имав среќно детство. Имав момчиња и врски. Сакам мажи и секс. Единствено што не сакам е своето тело. Да, имам 32 години и немам маж ни деца. Не се поклопи. Не успеав да најдам некого со кого ќе зачекорев во тој сериозен живот. Во тие обврски. Имам супер работа и супер пријатели. Навистина ништо не ми недостига. Но повторно сум несреќна поради своето тело. Читав по интернет различни приказни и има многу луѓе кои го мразат своето тело и сакаат да бидат друга личност. Тоа значи дека не сум единствена. Тоа ми беше олеснување. Но повторно не знам како да го решам овој проблем. Да се трансформирам во маж и да го променам полот. Ја стан „ТОЈ“. Сами тие операции се мачни. И не знам дали би ми помогнале психички повторно да се сакам. Мислам, размислував за тоа секако. Ако не сум среќна во своето тело можеби би била различна. Можеби би била среќна ако сум машко. Ви вела ова одеднаш ми се случи и го променив мислењето како сакам да живеам. Вака сигурно не сакам. Тешко е тоа да се објасни, но станувам се по тажна што сум ваква. Што сум во моментов јас. Друг проблем кој го споменав на почетокот се околината моите пријатели и родителите. Мислам дека нема да имам поддршка од нив. Ќе мислат дека сум луда а со мене се во ред. Родителите и пријателите многу ги сакам и со нив сакам да се дружам и понатаму, но себе се сакам повеќе и сакам нешто да променам. Мислам дека ќе ги растажи ако тоа им го кажам. Не сме земја во која на таквите работи се гледа нормално. Не сме доволно едуцирани. Се надевам дека ќе го решам овој проблем па како и да се заврши. Можеби сепак операција во маж и не е така лоша идеа. Мислам дека вреди да се проба, но морам повторно да размислам околу тоа...

 

 

 
 
07.09.2016 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега