Елвис Кељменди уапсен во Македонија

Елвис, синот на Насер Кељменди, кој отслужува затворска казна на Косово, уапсен е на основа на меѓународна потерница на црногорскиот Интерпол, пишуваат медиумите во Подгорица.

како што наведуваат медиумите, Кељменди е уапсен вчера во Македонија, а Црна Гора го бара за издржување казна затвор во траење од 9 месеци поради кривично дело злоупотреба на службена позиција преку поттикнување.

Тој имено, во периодот од 24. до 26. мај 2010. година, ги поттикнал Светозар Поповиќ и Ксенија Митровиќ, службеници во Филијалата за управни внатрешни работи во Котор, Црна Гора, да ги пречекорат своите службени овластувања, да му издадат црногорски лични документи и да го запишат во регистарот на црногорски државјани, што тие и го направиле.

Поради тоа службениците во црногорското МВР се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба.

На Кељменди во Македонија му е одреден екстрадиционен притвор. 

 

 

 
 
05.09.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега