Регулаторна ја донесе одлуката: Од полноќ покапуваат бензините во Македонија

Бензините поскапуваат по половина денар, цената на дизелот на се менува. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката и ги определи цените по кои ќе точиме гориво од полноќ.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се променува, односно останува на исто ниво и изнесува 48,00 ден/лит.

Гориво

Стара Цена/литар

Нова Цена/литар

ЕУРОСУПЕР БС-95

61.5 ден.

62 ден.

ЕУРОСУПЕР БС-98

63.5 ден.

64 ден.

Екстра лесно за домаќинство

36.5 ден.

37 ден.

ЕУРОДИЗЕЛ

48 ден.

48 ден.

 

 

 
 
05.09.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега