Ден на отворени врати: Повелете во Гете-институт – Твојата порта кон Германија

Во Сабота, 03.09.2016 година, во периодот помеѓу 10 и 18 часот, реномираниот Гете-институт организира „Ден на отворени врати“.

Добредојдени се сите кои сакаат да се запознаат одблиску со работата на Гете-институт, но и сите кои сакаат да ги научат првите зборови на германски јазик со учество на пробен час во модерно опремените училници.

Посетителите кои во овој период ќе дојдат во Гете-институт ќе можат лично да се запознаат со професорите по германски јазик, како и да учествуваат во квизот за Германија, да ги проверат своите познавања на германскиот јазик, да слушаат германска музика и да се информираат за актуелните настани и проекти.

Од Гете-институт најавуваат и дека оваа богата програма ќе биде заокружена со доделување на еден бесплатен курс за најсреќниот посетител.

Кусо инфо за Гете-институт Скопје – Твојата порта кон Германија:

Гете-институт повеќе од 60 години нуди најголем број курсеви по германски јазик на светско ниво. Околу 200 илјади слушатели секоја година учат германски јазик на сите нивоа во повеќе од 160 Гете-институти во странство, како и во 13 институти во Германија.

Корисна информација за сите кои сакаат да го научат германскиот јазик и да студираат, работат или живеат во Германија е дека во тек се уписи во Гете-институт Скопје за изучување на германски јазик на сите нивоа: од А1 до С2. Уписите траат до 09.09.2016 година.

Исто така, јазичните сертификати на Гете-институт се признати во светски размери, а во образовните институции и економските претприемништва на многу земји се прифатени како стандард.

За повеќе информации посетете ја веб страната на Гете-институт Скопје: www.goethe.de/skopje

 
 
03.09.2016 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега