У-21: Македонија херојски ја совлада Шкотска (ВИДЕО)

Драма, неизвесност, исклучување, повреди и на крајот сепак херојска победа на младата фудбалска репрезентација на тешкото гостување во Шкотска. Победа од 1:0 со голот на Кире Маркоски во 18. минута. 

Со овие три бода Македонија има вкупно 15 колку што има и Исланд кој славеше минимално со 1:0 во С. Ирска. 
 
Доколку нашата репрезентација оствари уште две победи до крајот на квалификациите против С. Ирска и Шкотска во Скопје тогаш е со реални шанси да го освои првото место во групата или пак да игра во баражот како една од подобрите второпласирани селекции. 
 
Франција загуби на гостувањето кај Украина со 1:0.
 
Табела:
1. Исланд 15
2. Македонија 15
3. Франција 14
4. Шкотска 8
5. Украина 7
6. Северна Ирска 1
 
 
02.09.2016 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега