Иран и Русија заедно градат два нуклеарни реактори
Иран ќе изгради два нови нуклеарни реактори со помош на Русија, изјави Али Акбар Салехи, шефот на Иранската организација за атомска енергија (ОИЕА).
- Работата за изградба на два нови нуклеарни реактори во Бушер ќе почне на 10 септември и ќе трае десет години, изјави синоќа Салехи.
- Ќе заштедиме 22 милиони барели нафта годишно со изградбата на двата нови реактори, истакна Салехи, и дополни дека трошоците за проектот се проценети на 10 милијарди долари.
Шефот на ОИЕА, кој е воедно и потпретседател на Иран, го спомена „договорот за соработка“ со Русија за изгрдбата на реакторите но не наведе повеќе детали за партнерството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа