Нови детали од акцијата „Брана“

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека на петте лица опфатени со најновата полициска акција кои се осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

- Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлогот на ОЈО на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор против 5 лица опфатени во полициската акција „Брана“ и обвинети за делото „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по сослушување на лицата во однос на предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи 30 дневен притвор против истите лица, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска информираше дека во полициската акција спроведена во Свети Николе, Штип, Битола и Скопје приведени се пет лица, по едно се трага, а едно веќе e во притвор.

 
 
31.08.2016 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега