Избран петтиот член на ад-хок телото за медиуми

Љуљзим Хазири поранешен дописник на МТВ од Гостивар, универзитртски професор и активист на невладиниот сектор ќе биде петтиот член на ад -хок телото за медиуми, дознава Press24 од партиски извори. Ваква одлука паднала по тричасовни консултации меѓу СДСМ и ДУИ.

За оваа одлука се уште нема официјална потврда.

Се очекува по официјализирањето, остантите 4 членови да го изгласаат и да се тргне и последната пречка на патот до избори.

Потоа се очекува во Клубот на Пратеници да дојде Груевски и официјално да се соопшти дека изборите ќе се одржат на 11 декември.

 
 
31.08.2016 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега