Центар утре без вода
Без вода утре од 8 часот ќе бидат жителите на улицата „Луј Пастер“ број 9 во општина Центар.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Водовод и канализација, информира дека причина за прекинот е дефект на затварач на оваа улица.
Жителите од оваа улица ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот
31.08.2016 - 18:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа