Парче стиропор и го спасило животот - потресна исповед на жената која успеа да се спаси од поплавите

Соња Алексич  од Куманово раскажува за ТВ Сител како преживеа на 6. август во силното невреме кое го погоди Скопје и околината. Таа стана синоним за жена херој, борец откако успеа да се спаси од страотната поплава два часа пливајќи и незнаејќи каде ќе ја однесе надојдената вода.

Во водата пливаа колички за бебиња, корења од дрвја, штици крави кои се бореа за живот и многу луѓе меѓу кои и јас. Вака ја започнува својата приказна преживеаната Соња која низ солзи зборува за страотната слика која ја видела и почувствувала на своја кожа.

-Беше страшно, мислев дека тоа ќе биде мојот крај, штица ми мја скрши ногата додека водата ме носеше со брзина од 100 километри на час. Но во сета таа несреќа до мене се најде едно мало парче морска пена која ми го спаси животот. Давеникот се фаќа и за сламка и точно така, во моментот кога ја здогледав морската пена во неа видов спас. Низ очите ми поминуваа разни слики, помислував на мојот сопруг семејството и на внучето, раскажува Соња.

Соња низ солзи вели дека најмногу е благодарна на оние кои успеале да ја спасат и вели дека на нив се сеќава низ магла. Во тој момент бев на крајот од силите и да не ме извлекоа можеби лавината вода ќе ме победеше но бог беше со мене и ми даде сила да се изборам и продолжам понатаму.

-Се молев на бог да ми ја чува мојата жена, за момент помислив дека е готово, Соња ја нема, неможев ни да поверувам дека успеала да спаси жива глава од таа поплава и тоа со парче стиропор да успее да преживее, раскажува Зоран алексиќ сопругот на храбрата соња. Скршена десна натколеница, модринки на двете надлактици, изгребани разе и траума се последиците за соња од страшното невреме.

Од операцијата веќе почна да закрепнува но се уште е исплашена од траумата која ја доживеала, вели дека постојано во сон и доаѓа страшната слика од поплавата и често пати додека е сама помислува што можеше да се случи доколку не го здогледаше тоа парче морска пена.

 
 
31.08.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега