ПОТРЕСНО: „Кога ја видов мечката како трча кон мене тоа се претвори во борба за живот“

- Гледајќи ја во очите додека трчаше накај мене, се замрзнав од страв. Срцето ми чукаше 100 на час. Имав чувство дека ќе скокнат врз мене. Никогаш нема да го заборавам тоа, изјавил Томислав Бан (40) за „24sata.hr“, кој додека бил во обиколка на врвовите Медвиџак и Велики Кобиљак сретнал мечка и младенчиња.
 
Загрепчанецот ја скршил ногата бегајќи  он нив низ шумата на Горски Котор. Се случило околу 11:20 часот. Застанал да јаде малини, и слушнал некаков звук на 20. метри од него. Тогаш ја здогледал мечката и неколку младенчиња, се сокрил и го извадил фотоапаратот.
 
- Едно од младенчињата тргна кон мене. Извадив пиштол плашливец и пукав во воздух. Мечките побегнаа, исто и јас но во спротивен правец. Не знам зошто трчав, најверојатно од шок, вели Томислав.
 
Додека бегал се лизнал со десната нога, а левата му се заглавила меѓу карпи. 
 
Тој ја скршил ногата, но и покрај претрпениот страв од средбата со мечките изјавил дека повторно ќе планинари.
 
 
31.08.2016 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега