Кампања „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“

Акција и кампања под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“ почнува утре во организација на Здружението „Интеракција плус“ од Скопје. 

За таа цел, во текот на наредниот месец, тим од логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и закажувања за неопходните вежби и третмани.

Пристапот и третманот е исклучиво индивидуален, а целта е да се помогне навреме на секое дете посебно во Република Македонија и да има што е можно помал број деца со говорни проблеми.

Прегледите и третманите ќе ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско-дефектолошкиот центар Интеракција плус, кој се наоѓа во близина на Универзалната сала во Скопје.

 
 
31.08.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега