Ваучери за 37 новороденчиња доделени во општина Кисела Вода

Триесет и седум ваучери во износ од по 6.000 денари за новороденчиња се доделени денеска во општина Кисела Вода, а бројот на семејства коишто искористиле таква еднократна парична помош достигна 1.562.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ на доделувањето на ваучерите порача сите кои имаат принова да поднесат документација за добивање помош. Најави дека овој проект, како дел од Програмата од социјалната област на општина Кисела Вода, ќе продолжи до истекот на нејзиниот мандат.

 
 
31.08.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега