СЈО: Колку пари земаат обвинителите е доверлива информација

 

Продолжува циркусот за кој граѓаните плаќаат 4 милиони евра годишно. Во недостаок на докази, Специјалното јавно обвинителство го крши законот и јавно врши сослушување на сведоци и осомничени. Медиумите на СДСМ и СОРОС спротивно на законот кој гарантира тајност на предистражната постапка секојдневно го добиваат списокот со лица кои ќе бидат повикани во обвинителството и ја покриваат неспособноста на обвинителите по речи си една година работа да излезат со барем еден обвинителен предлог.

Во меѓувреме Специјалното обвинителство крие како ги троши парите кои граѓаните им ги ставаат на располагање.
По неколку месечен напор и серија испратени барања за одговор согалсно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Катица Јанева конечно призна дека како плата од граѓаните месечно зема над 130.000 денари. Но тоа е само дел од нејзините примња. Покрај ова, Јанева за закупнина на стан наплатила дополнителни 197.000 денари иако располага со два луксузни стана во центарот на Скопје кои се водат на име на нејзините деца.
Покрај Јанева граѓаните им плаќаат станови на уште тројца обвинители кои до сега ги чинеле над 472.000 денари.
Но тоа не се сите пари кои Јанева и обвинителите ги добиваат од буџетот .Колкава е дополнителната сума од СЈО не откриваат. Во одговорот на нашето барање за слободен пристап до информации од јавен карактер се вели дека овие информации се доверливи, што отвора простор за сомнеж дека обвинителите си делат огромни суми меѓу себе, спротивно на законот.
„Одлуката и договорите се класифицирани со степен доверливо и од тие причини истите не може да би бидат доставени исто како и податоци за висината на надмоестоците кои по овој основ им се исплатуваат на јавните обвинители“ – стои во одговорот од СЈО.
Останува нејасно, зошто Јанева крие колку пари си делат обвинтиелите меѓу себе и како е можно, средствата кои се исплаќаат од буџетот да се класифицираат како доверливи.
Ако се собере сумата од 130.000 денари за плата, близу 200.000 денари за кирии и сумите кои Јанева ги крие од граѓаните се доаѓа до фантастична бројка која месечно надминува неколку десетици просечни плати.
Катица Јанева кариерата во СЈО ја почна со серија скандали и лажни искази пред нотар во врска со земјиште за кое бараше субвенции за одлегдување на смкови, иако медиумите објавија дека е празна ливада. Оттука, експертите велат дека не треба да зачудува фактот дека Јанева крие колку пари си дели со обвинтелите, бидејќи објавените информации повеќе од сигурно се вовед во нов финансиски мега скандал. 

 
 
29.08.2016 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега