Да ја покажеме хуманоста за празникот: Крводарителска акција на Црвен Крст

 

Општинската организација на Црвен крст - Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 14-ти пат ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата се одржува денес, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.

Инаку оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје.

Валентина Колеска, секретар на општинска организација на Црвен крст - Центар потенцира дека веќе 14 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.

Лани на акцијата биле собрани 242 крвни единици, а од Црвен крст - Центар се надеваат дека таа бројка годинава ќе се зголеми.

Колеска изразува надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.

 

 

 
 
28.08.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега