Важна информација за сите возачи
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили.
ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на ЈП Македонијапат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа