Марјан Николовски: Синодалниот грев кон Австралија

Поминаа речиси седум месеци од како што тогаш ја нарекоа, историска шанса за надминување на најсериозното внатре-црковно прашање во МПЦ, кое тлее со децении. Денес, половина година подоцна, што е поразлично на австралискиот континент меѓу македонскаат дијаспора и МПЦ? Ништо! Судските, банални и смешни, спорови се уште траат. Верниците се` уште одат во различни цркви. Омразата не` стивна. Навредите меѓусебе се се` погласни. Владиката кој требаше да биде линкот меѓу Синодот и тамошните верници, никогаш не замина во посета на Епархијата, или делот од епархијата, која е под негова надлежност. Архиепископот, вешто избегнува јавноста да го слушне неговиот став. Ништо не е сменето од “историските” разговори во Архиепископијата во Скопје. Ништо, освен што беспотрените поделби добија легитимитет. Благослов од Синодот. Од епитетот “историски договор” ќе остане само фотографијата и видео снимките во архивите на медиумите и на Црквата. Квази решението, кое тогаш го донесе Синодот, за познавачите на црковните состојби уште тогаш беше сосема јасно дека тоа нема да донесе мир меѓу најбројната македонска дијаспора. Од денешна дистанца, се појасно станува дека и надежта, оти тоа можеше да биде основа за решение на црковниот раскол во Австралија, веќе ја губи својата шанса. Едноставно некому, по се изгледа, му одговараат поделбите на австарлискиот континент. Кому?

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, територијално е организиарана на 11 епархии. Три во дијаспората и осум во Македонија. Сите нив по црковните канони треба да ги управува посебен Епископ, или во случајот со МПЦ, Митроплит. Тие според црковната догматика се самуправи, неприкосновени и апсолутни господари на тие територии. Според земските “правила” пак, колку поголема Епархија, толку поголема моќ на Епископот во Црквата. А, колку поголема моќ, толку поголемо влијание во црковниот живот. А, моќта и влијанието, за жал и во црквата не го прави светоста на Епископот, туку парите. Австралиско-новозеландската епархија, објективно, од овој апсект, е финансиски најмоќна. Најмоќна ако е обединета, без поделби и расколи. Нејзината моќ ја носи и моќта на Епископот. Но, по се изгледа дека на најголем дел од владиците не им одговара некому да му остават толкава моќ, па затоа со децении ова прашање го држат во мувла. Особено не некому, кој може, а и знае да ги контролира и канализира состојбите во Австралија од една страна, а од друга, да знае и да ги препознае и воедно одбегне замките кои неговите браќа во синодалните фотељи во Скопје ги креираат.

Синодот на МПЦ ја има најголемата одговорност за оваа состојба во Австралиско-новозеландскаат епархија. Во една работа, актуелниот надлежен администратор, Владиката Петар е сосоема во право. Неговото назначување во таа епрахија требаше да донесе мир, но ете денес обидот за мир се претвори во најсериозниот црковен раскол во МПЦ, по Јован Врнишковски, во 45 годишната автокефалност. Петар е сосоема во право кога тврди дека зад сите негови одлуки, меѓу нив и оние за судските процеси и расчинувањето на свештениците, стои и Синодт на МПЦ. Барем најголемиот број Архиереи. Тие го поддржуваа, тие го буткаа во пресметките со тамошните верници, а истовремено меѓу неговите противници пуштаа сигнали дека тоа се негови самоволни одлуки, што пак го разгоруваше гневот. Петар веројатно заслепен од идејата дека ќе ја добие моќта на асвтралиската епархија и на тој начин доминацијаат во МПЦ, не успеа да ја види замката во која се најде. Судските спорови не решија, ама баш ништо. А место во црквата, парите завршија кај асвтралиските адвокати. Наместо во една апостолска МПЦ, верниците денеска одат секој во својата црква. И тоа за Синодот воопшто не е проблем. Да! На Синодот му треба ваква Австралиско-новозелдандска епархија, како што му треба ПОА и Вранишковски. Затоа што ако тие прашања се затворени, ќе се отворат внатре-синодалните перипетии. Им треба дефокусирање од суштинските слабости во Црквата.

Црковниот спор во Австралија е лесно решлив. Многу полесно отколку што некому му изгледа. Решлив е само ако во Синодот провлада ставот дека тој треба да се затвори. За доборот на Црквата, за доброто на единството меѓу македонската дијаспора. Впрочем и во резуолуцијата од разговорите меѓу владиците и пртставниците на црковните општини, противници на Владиката Петар, се гледа дека Црквата нема проблем со суштината на спорот. Со суштината, ако некој се сеќава која беше таа? За имотот на црковните општини, за неговата сопственост, нема ни збор во договорените точки од тие разговори. А се почна од тука. Од тоа кој е сопственик на црковните имоти.

На изненадување на сите, на кои во Македонија, овој црковен проблем им изгледа некако сложен и недоволно јасен, беше конструктивниот пристап на црковните општини во идејата да се дојде до конечно помирување. Но, за тоа сепак е неопходна воља, но и желба кај најголемиот број Владици, меѓу нив и Архиепископот... да кажат, доста е!.

Македонските црковни општини во дијаспората имаат специфичен карактер. Тоа се заедници чија матица е Црквата. Но, тоа не се само цркви. Тоа се и центри кои го негуваат македонскиот идентитет, култура, нација. Во тие заедници се раѓаат спортски таленти, се создаваат македонски спортски клубови. Тие центри ги обединуваат македонските иселеници, а тоа не е догматско-црковна работа, за да црковни лица одлучуваат за нивно постоење или пак не. Црквата и луѓето кои ги создавале овие центри мораат меѓусебно да ги разграничат своите ингеренции. До каде е надлежноста на цркавта, до каде е надлежноста на одборот на зедницата. Ниту Владиката може да биде господар на црковните заедници, ниту пак мирјаните треба да бидат филтер на црковните одлуки. Тие треба да бидат две единици кои ќе ја градат Асвтралиско-новозеландската епархија.

Малкумина знаат дека Австралиско-новозеландската епархија е виртуелно тело на МПЦ кое не постои. Навистина е нејасно како никој во МПЦ не разбрал дека таа епархија за да функционира треба да биде правен субјект. Така е и по македонските закони. Ако осумте епархии во Македонија се формирани по македонските државни прописи, така и епархиите во дијаспората треба да бидат создадени по тамошните законски прописи.

Синодот на МПЦ, заедно со сите претставници на црковните заедници во Австралија, најитно и прво што треба да дефинираат, е како да ја регистрираат австралиско-новозеландсакта епархија, како единствена единица во правен субјект. Потоа со интерен договор, или Статут или Устав, да го дефинираат нејзиното функционирање. Да ја дефинираат поделбата на земското и световното. Таа епархија мора да ја управува одбор од претставници на црковните општини и од МПЦ. Да има двајца претсоители. Владиката и Претседател на заедницата. Така и имотите ќе бидат инкорпорирани во нејзе. Таквиот правен субјект ќе биде одговорен за целокупното негово функционирање пред управното и надзорното тело составено и од заедницте и од црквата. Но, што е уште позначајно, е што тоа тело, ќе биде одговорно и пред државните институции во земјата во која е формирано. Тие два елемента на контрола се најсигурна гаранција од какви било финансиски и друг тип малверазии.

Тука треба Синодот и Црковните општини да го бараат заедничкиот интерес. Се друго е само игнорирање на проблемот, кој може сериозно да се одрзи врз и така кревкото единство во МПЦ.

Чекори на добра воља недостасуваат. Првиот од МПЦ. Најитно да ги повлече и прекине сите судски процеси. Веднаш потоа да назначи нов и единствен постојан митрополит за Австралија и Нов Зеланд. Црковните задници да гарантираат дека трошоците за досегашните судски парници ќе ги подмират тие. Во интерес на мирот меѓу најголемаат македонска дијаспора.

Ако Архиепископот Стефан, успее да дојде до ова решение, во неговата архиепископска биографија, тоа можеби ќе фрли во сенка на сите негови скандали. Да излечиш раскол е Архиерејски предизвик.

 

Марјан Николовски - новинар

30.07.2013 - 12:35

најчитано сега