Беснеат пожари во штипскиот регион

Рекорден број на интервенции имаат штипските пожарникари во текот на август, информира командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, посочувајќи дека пожарникарите секојдневно гаснат по два или три пожари на запалени стрништа и на сува трева.

– Месец август не е поминат а имаме веќе 67 пожари само овој месец на отворено. Апелираме повторно до земјоделците да не ги палат стрништата, бидејќи неконтролирано ги зафаќаат и останатите земјоделски површини и шумски појаси, рече Ренџов.

Командирот на Противпожарната единица во Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека во текот на јули и август регистрирани се поголем број интервенции на отворено.

– Во јуни имаме шест пријави за пожари, јули имаме некаде 12, а август имаме шест пријави на отворен простор. Материјални штети немаме од овие пожари на отворено, изјави Терзиќ.

Противпожарните единици од Штип и Пробиштип имаа едукативни кампањи и заедно со полициски службеници и претставници од ЈП „Македонски шуми“ беа на терен со цел да им укажат на земјоделците и на сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата во текот на летото.

Во Штип пред два дена поради запалена сува трева во опасност беа доведени куќи и викендици во населбите Пребег, Мерите и Рибник.

 
 
24.08.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега