Туристичките работници очекуваат Охрид да 'врие' од туристи за претстојниот празник

 

Високите температури кои ја зафатија Македонија периодов го наполнија Охрид со туристи. Сите субјекти инволвирани во туризмот се согласни дека 2013 ќе биде една од најслабите туристички сезони во Охрид во последните десетина години.

Годинава во Охрид изостанаа најбројните гости на Охридската ривиера, српските туристи кои важат за добри потрошувачи. Од друга страна е забележан зголемен број гости од западноевропските држави, но оние кои преку кружните тури организирани во регионот се на поминување односно кои во Охрид престојуваат најмногу до два дена.

За причините што доведоа до таква состојба во туристичката дејност во Охрид секој од субјектите со свои видувања - од неповолните временски услови, лошата инфстраструктурна поврзаност на градот, лошата инфраструктура во градот, цени повисоки во споредба со конкуренцијата, потоа практикувањето да им се наплаќа на гостите за се и сешто, пребукираноста на плажите издадени под концесија со лежалки чие изнајмување е нереално скапо, нападен, нељубезен персонал во угостителските објекти, таксисти со свои тарифи, бучава во градот особено во ноќните часови, се до високи давачки на угостителските субјекти, интезивни инспекциски контроли на трговците, угостителите итн. И тоа без исклучок, секој од субјектите инволвирани во туристичката дејност со најмалку барем една причина за лошата сезона.

Во последните десет години Охрид воопшто не бележи напредок кога е во прашање туристичката дејност, освен во делот странски туристи кои организирано доаѓаат, особено гостите од Бенелукс што летуваат преку закупени аранжмани на холандските тур-оператори. Во 2000 година во шпицот на туристчката сезона градот го посетиле 130 илјади домашни туристи, како и околу 33 илјади стрински туристи, додека во 2010 година се регистрирани 90 илјади домашни односно 40 илјади странски туристи.

На Охрид, како што оцени и  Локалниот економски совет, му е потребна стратегија, изработка на осмислен специфичен туристички производ, согласно максимално искористување на предностите што ги поседува градот како што се културно-историските реткости и природните убавини, како и поголеми инвестиции во подобрување на инфраструктурата и содржини што би го свртеле вниманието и натерало гостите своите неколку денови одмор да ги минат токму тука.

најчитано сега