Полска под вода - по горештините големо невреме

 

Поројни дождови и силни ветрови предизвикаа сериозни штети во југозападниот дел на Полска.

Спасувачките служби добиле над 500 повици за помош. Во многу области зголемувањето на нивото на реките доведе до поплави. Десетици куќи и улици беа под вода, поради што е извршена евакуација на локални жители.

Во невремето биле оштетени држачите на гасоводот, па поради опасност од експлозија пожарникарите евакуирале повеќе од 100 лица.

Голем број патишта се поплавени, а движењето на возилата го отежнуваат и искорнатите дрвја од ветрот.

Инаку, до вчера Полска беше зафатена од големи горештини.

најчитано сега