Огромна темна 'дупка' сликана на Сонцето
Вселенскиот телескоп насочен кон Сонцето забележа огромна дупка на него. Се работи за темна дупка која прекрива речиси четвртина од нашите најблиски ѕвезди, а од дупката излегуваат соларен материјал и гас.
Оваа темна дупка е набљудувана во периодот од 13 до 18 јули годинава, од леталото СОХО.
НАСА за оваа појава соопштува дека овие дупки се само мрачни региони со мала густина во сончевиот систем кои содржат малку соларен материјал и имаат пониска температура, поради што и изгледаат потемни.
Според НАСА, оваа дупка на сонцето е нормална и природна појава.