Русинка во кома родила здраво бебе
Лекарите во Русија успешно породија жена која два месеци била во кома откако и се случила голема несреќа.
Се работи за 26-годишна девојка која паднала во кома откако заедно со сопругот доживеала сообраќајна несреќа, откако нивниот автомобил влетал под камион.
Лекарите два месеци се бореле за животот на бремената жена и за животот на нејзиното неродено бебе, и на крајот успеале. Тие успешно ја породиле младата мајка.
Сега, состојбата на жената е стабилизирана, а парот има здраво бебе кое наскоро ќе може да го однесе дома.