Учете безбеден секс од Викторија Лоба

Викторија Лоба од вчера има задача да ја подигне свеста кај младите за потребата од користење презервативи при сексуален однос. Откако била непријатно изненадена, од како што вели од ниската свесност за потребата од заштита при сексуален однос, на покана на Дурекс ја прифатила обврската да ги советува младите како да се заштитат од сексуално преносливите болести и несаканата бременост.

Кампањата која ќе се спроведува низ целата земја ќе опфати разни едукативни сесии, едукација на младите кои ќе се најдат на охридските плажи летово, испитување на јавното мислење, онлајн одговори на прашања од гинеколози на социјалните мрежи...

најчитано сега